свет

Израелската полиција се втурна врз муслиманите во „Ал Акса“, уапсени шестмина

Инцидентот е продолжување на практиката на израелските сили кои го ускратуваат правото на муслиманите во одбраниот месец Рамазан слободно да се молат во џамијата „Ал Акса“

Esat Fırat  | 02.06.2019 - Обновена : 03.06.2019
Израелската полиција се втурна врз муслиманите во „Ал Акса“, уапсени шестмина

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција утринава се нафрли на муслиманите во комплексот „Ал Акса“ и употреби поголемо количество солзавец и топовски удари, јавува Anadolu Agency (AA).

Најмалку 1.179 радикални Евреи, утринава, во придружба на израелската полиција влегоа во комплексот „Ал Акса“ во старото јадро на окупираниот Источен Ерусалим.

Група муслимани се собраа во комплексот и негодуваа поради упадите на радикалните Евреи, поради што со употреба на солзавец и топовски удари интервенираше израелската полиција.

Израелската полиција соопшти дека интервенцијата е извршена поради нередите и дека ситуацијата е ставена под контрола.

Од израелската полиција не открија повеќе детали, а очевидците векат дека радикалните Евреи и понатаму се во комплексот „Ал Акса“, а дека израелските сили од слобода лишиле најмалку шестмина Палестинци.

Очевидците за АА изјавија дека израелските полицајци ги тепале насобраните муслимани и дека солзавец и топовски удари фрлале и во просториите во кои се криеле муслиманите, а сосила ја затвориле и вратата на џамијата.

Портпаролот на Исламскиот вакаф во Ерусалим, Фирас Дибс, соопшти дека израелските полицајци го претепале Халил ет-Терхун, чувар и редар во комплексот „Ал Акса“.

Истакнувајќи дека израелската полиција не им дозволила на здравствените работници да укажат помош на Терхун, Дибс изјави дека потоа од слобода е лишен уште еден чувар на „Ал Акса“, Исам Наџиб. 

Дибс, исто така изјави дека утринскиот инцидент е продолжување на практиката на израелските сили кои така го ускратуваат правото на муслиманите во одбраниот месец Рамазан слободно да се молат во „Ал Акса“.

Во комплексот „Ал Акса“ е и фоторепортерот на АА, кој јавува дека голем број Палестинци се собрале во комплексот „Ал Акса“ и дека тензиите се во пораст поради доаѓањето на радикалните Евреи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın