свет

Израелската полиција интервенираше врз Палестинците кај портата Дамаск во Источен Ерусалим

Израелската полиција со пластични куршуми и шок-бомби ги нападна палестинските момчиња кои сакаа да се соберат пред портата Дамаск во Стариот град во окупираниот Источен Ерусалим

Esat Fırat  | 18.05.2021 - Обновена : 19.05.2021
Израелската полиција интервенираше врз Палестинците кај портата Дамаск во Источен Ерусалим Фото: Мостафа Алкхаруф / Агенција Анадолија

КУДС (АА) - Израелската полиција со пластични куршуми и шок-бомби ги нападна палестинските момчиња кои сакаа да се соберат пред портата Дамаск во Стариот град во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Израелската полиција интервенираше врз палестинската младина, која сакаше да се собере пред портата Дамаск во знак на протест против нападите на Израел врз Појасот Газа.

Во интервенцијата се користеа звучни бомби и пластични куршуми, а луѓето беа прскани со канализациска вода под притисок од Интервентно возило против социјални инциденти (ТОМА).
Во интервенцијата, полицајците со пластични куршуми раниле едно, а привеле три лица.

- Настани во Ерусалим и Газа -

Израелскиот напад врз верниците во Месџид ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим за време на Рамазан и плановите за присилно раселување на жителите на квартот Шеик Џара од нивните домови, дополнително ја зголемија тензијата во регионот.

Палестинските групи за отпорот во Појасот Газа ѝ дадоа време на израелската полиција до понеделникот, 10 мај, до 18 часот по локално време, да се повлече од Месџид ал-Акса и квартот Шеик Џара, сместени во окупираниот Источен Ерусалим.

Откако израелската полиција не се повлече од Месџид ал-Акса и Шеик Џара, палестинските групи за отпорот истрелаа многу ракети кон Израел.
Како одговор на тоа, израелската Армија објави дека ја започнала воената операција „Чувар на ѕидовите“ насочена кон Појасот Газа.

Во нападите што Израел од 10 мај досега ги изврши врз Појасот Газа животот го загубија 213 лица, од кои 61 дете, 36 жени, а ранети се 1.442 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.