Esat Fırat
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелските сили убија еден малолетен Палестинец во Хеброн на Западниот Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од палестинското Министерство за здравство е наведено дека израелските војници го убиле 15-годишниот Зејд Фазил Кајсије во бегалскиот камп „Ал Февар“.
Од Министерството потврдија дека се ранети четири палестински момчиња. Очевидците наведуваат дека момчињата реагирале на рацијата на израелската Војска во кампот.
Израелските сили користеле солзавец, боеви и гумени куршуми. Судирот траел со часови.
Израелските сили често на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим ги приведуваат Палестинците под различни обвинувања.
Податоците од палестинското Здружение на затвореници покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 5.700 Палестинци, вклучувајќи жени и малолетни лица. Според овие податоци во затворите има околу 230 малолетни лица.