Ahmed Asmar
10 Ноември 2023•Ажурирај: 12 Ноември 2023
РАМАЛА (АА) - Израелската војска денес изврши упад во бегалскиот камп „Аида“ во градот Витлеем, на југот на окупираниот Западен Брег, при што застрела најмалку еден Палестинец, пренесува Анадолу.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските сили ги спречиле медицинските лица да го земат повредениот Палестинец кој искрварил до смрт.
Подоцна, израелските власти ја информирале палестинската страна за смртта на Палестинецот.
Очевидци за Анадолу изјавија дека израелските сили извршиле упад во кампот Аида за претрес на домови и приведување на Палестинци, што предизвика судири.
Рано утрово, израелската војска застрела Палестинец и во селото Беит Фурик, во близина на градот Наблус во северниот дел на Западниот Брег, откако изврши рација во селото.
Тензиите се зголемени низ Западниот Брег откако на 7 октомври изби судирот меѓу палестинските групи на отпорот и Израел.
Од 7 октомври досега вкупно 183 Палестинци се убиени од израелските сили низ Западниот Брег, соопшти Министерството за здравство.