Ekipa
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
КУДС (АА) - Израелската армија денес соопшти дека ги зајакнува своите сили по должината на границата со Појасот Газа во услови на тензии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Армијата се наведува дека силите по должината на границата со Газа се зајакнати со дополнителни единици по проценката на безбедносната состојба во подрачјето.
Според весникот „Једиот Ахронот“, Војската ја зголемила готовноста на своите сили во очекување на ракетни напади од палестинска територија.
Синоќа израелски воени авиони извршија серија воздушни напади врз позициите на Хамас во Газа.
Во саботата, 41 Палестинец и еден израелски војник беа ранети во демонстрациите одржани на границата од блокираниот Појас Газа на 52-годишнината од палењето на Мезџидот ал Акса од радикалните Евреи во 1969 година.