Bilal Güler
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
АНКАРА (АА) - Силите поврзани со поранешната администрација и локалните групи ја презедоа контролата од талибанците над три окрузи во авганистанската покраина Баглан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жестоките судири меѓу локалните групи и талибанските сили продолжуваат, а двете страни претрпеа големи загуби, објави „Толо њуз“, повикувајќи се на локалните извори.
Како резултат на судирите, контролата врз окрузите Пула Хисар, Дех Салах и Андараб во провинцијата Баглан, северно од главниот град Кабул, ја презедоа силите поврзани со поранешната администрација и локалните групи.
Во споменатите три окрузи живеат околу 100.000 луѓе, претежно Таџикистанци.
Наведено е дека ова е прв судир меѓу страните откако талибанците, кои се претежно од паштунска етничка припадност, ја презедоа контролата врз Кабул.
Талибанците во моментов контролираат 33 од 34 провинциски центри во земјата, додека Пaњшир, северно од Кабул, е единствената авганистанска провинција која сè уште не беше под власт на талибанците, заедно со сите свои окрузи.
Локалните групи контролираат мал број окрузи во провинциите како Кабул, Парван, Каписа, Мајдан Вардак.
Во разговор за Би-би-си на персиски јазик, портпаролот на талибанците Мухамед Наим зборуваше за ситуацијата во Пaњшир и порача:
„Проблемот со Пaњшир ќе го решиме или преку дијалог или со употреба на сила.“
Се наведува дека Пaњшир е тешко да се заземе поради планинските и нерамни услови на теренот.
Ахмед Масуд, син на познатиот авганистански командант Ахмед Шах Масуд од Пањшир, кој се спротивставуваше на советската окупација, изјави дека тој е на чело на локалните групи формирани во провинцијата Пањшир и го повика народот да „се борат против талибанците“.