Ekipa
27 Јули 2018•Ажурирај: 27 Јули 2018
РАМАЛА (АА) - Израелската војска ги затвори сите влезови во местото Кубер, североисточно од градот Рамала на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Причина за тоа е смртта на едно лице кое со ладно оружје нападна еврејски доселеници во Источен Ерусалим (Кудс).
Очевидците наведуваат дека израелската војска влегла во населеното место Кубер и извршила претрес на домот на 17-годишниот Палестинец Мухамед Тарик Јусуф, кој нападнал еврејски доселеници.
Претресот предизвика незадоволство кај Палестинците поради што дошло до интервенција на израелските војници. Користен е солзавец и боева муниција. Израелската војска потоа го блокирала населеното место.
Мухамед Тарик Јусуф е убиен вчера по нападот на еврејски доселеници. Еден од трите ранети еврејски доселеници починал утрово.