свет

Израелската армија приведе 16 Палестинци во рации на Западниот Брег и Источен Ерусалим

- Откако Израел ја започна офанзивата врз Појасот Газа на 7 октомври 2023, зголемени се приведувања, рациите и нападите врз Палестинците во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Aysar Alais, Mahmut Geldi  | 13.07.2025 - Обновена : 13.07.2025
Израелската армија приведе 16 Палестинци во рации на Западниот Брег и Источен Ерусалим

РАМАЛА (АА) - Израелската армија приведе најмалку 16 Палестинци во рации врз домови во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, известува Анадолу.

Според информациите што ги објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските војници утрово извршија рации врз неколку домови во градот Марда, во градот Селфит на Западниот Брег.

За време на рациите, израелските војници ги тепале Палестинците и привеле тројца.

Израелската армија изврши рации и врз палестински домови во Наблус.

Тројца Палестинци се приведени од израелските војници во рациите во Наблус, а еден во бегалскиот камп Балата.

Израелската армија изврши рации и врз домови во местото Кубатија, во градот Џенин, приведувајќи четворица Палестинци.

Двајца млади Палестинци се приведени од страна на израелските војници и во рациите спроведени во местото ал-Мазра во Рамала.

Во рација во Витлеем приведено е едно лице од израелските сили, а друг Палестинец е приведен и во Хеброн.

Од друга страна, во рација на израелските разузнавачки сили го приведоа Арафат Наџиб, доброволен чувар на џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим.

Пред неколку дена, израелската влада донела одлука Арафат Наџиб „да биде отстранет од џамијата Ал-Акса шест месеци“.

Откако Израел ја започна својата офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, има зголемување на приведувања, рации и напади врз Палестинците во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Од 7 октомври 2023 година, најмалку 993 Палестинци се убиени, а приближно 7.000 се повредени во рациите во Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.