Илјадници Израелци протестираат во Тел Авив барајќи договор за размена на затвореници
- Демонстрантите се собраа на плоштадот Хабима во центарот на Тел Авив вчера, 12 јули, со барање за итен прекин на војната во Газа и повикаа на постигнување договор за размена на затвореници.

СКОПЈЕ (АА) - Илјадници Израелци се собраа во на плоштадот во Тел Авив со барање за прекин огнот во Газа и размена на заробеници, известува Анадолу.
Демонстрантите се собраа на плоштадот Хабима во центарот на Тел Авив вчера, 12 јули, со барање за итен прекин на војната во Газа и повикаа на постигнување договор за размена на затвореници.
На 19 јануари беше постигнат прекин на огнот, но израелската Армија ги продолжи своите жестоки напади утрото на 18 март врз Појасот Газа, прекршувајќи го договорот. Оттогаш досега се убиени 7.311 Палестинци, а 26.054 се повредени.
Отфрлајќи ги меѓународните повици за примирје, израелската армија ја продолжува бруталната офанзива врз појасот Газа. Од 7 октомври 2023 година досега, Израел уби речиси 57.900 Палестинци, претежно жени и деца.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.