Ali H. M.Abo Rezeg
09 Јануари 2019•Ажурирај: 10 Јануари 2019
РАМАЛА (АА) - Израелските трупи денес спроведоа рации во градовите на Западниот Брег, Рамала и Ал Бирех, јавува Anadolu Agency (АА).
Очевидците за АА изјавија дека рациите предизвикале судири во неколку делови на Рамала и Ал Бирех, во кои израелските трупи користеле боева муниција, гумени куршуми и солзавци за да ги разбркаат разлутените млади Палестинци.
Тие подоцна одговориле фрлајќи камења на израелските војници и палејќи гуми.
Нема информации за некакви посериозни повреди или жртви, иако очевдците велат дека најмалку едно локално младо лице е уапсено.
Во текот на изминатите неколку денови, израелските сили извршија спорадични рации во и околу Рамала, предизвикувајќи ограничени судири со локалните жители.
Израелските власти се обидоа да ги оправдаат рациите, велејќи дека се во потрага по „бараните“ Палестинци.