Израел уби 24 Палестинци напаѓајќи ги додека чекале да земат помош во Газа
- Филип Лазарини, генерален комесар на УНРВА, изјави дека „дистрибуцијата на помош во Појасот Газа станала смртоносна стапица“.

ИСТАНБУЛ (АА) - Во напад на израелската армија убиени се 24 Палестинци додека чекале да земат хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.
Израелската армија повторно целеше кон палестинските цивили што се борат со глад во Појасот Газа, каде што Израел предизвика хуманитарна катастрофа.
Министерството за здравство во Газа објави дека овие Палестинци биле убиени, а голем број биле повредени кога израелската армија ги нападнала додека чекале хуманитарна помош во зоната за дистрибуција наречена Ел-Алем во градот Рафа.
Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската армија врз центрите за дистрибуција на помош во Газа се зголеми на 76.
- Израелски механизам за „распределба на помош“
Од 27 мај израелската армија спроведува напади врз подрачјата за дистрибуција на помош воспоставени под маската на хуманитарна помош од Фондацијата за хуманитарна помош во Газа, која ја водат Израел и САД. Израелските сили пукаат врз цивилите што се собираат на точките за дистрибуција поставени во таканаречените „тампон-зони“.
На 1 јуни израелската армија изврши напади на два одделни пункта врз Палестинците кои се обидуваа да добијат хуманитарна помош во Појасот Газа, при што се убиени 32 лица и повредени се 232.
Сепак, израелската армија негираше дека отворила оган врз Палестинците кои чекале помош на дистрибутивна точка во Појасот Газа и дека притоа убила десетици луѓе.
Филип Лазарини, генерален комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), изјави дека „дистрибуцијата на помош во Појасот Газа станала смртоносна стапица“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.