Gülşen Topçu
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
РАМАЛА (АА) - Израелската админстрација сруши палестинско училиште во окупираниот Западен Брег со изговор дека е нелиценцирано, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од очевидците, трупите на израелската војска извршија рација во подрачјето на Харбет Зенута кое се наоѓа во јужниот дел на Ел Халил, каде што срушија едно училиште изградено од лим.
Според соопштеното, во подрачјето е создаден безбедносен кордон, а на ова место е упатена градежна машинерија со цел транспортирање на остатоците од срушеното училиште.
Во ова училиште следеа настава 43 ученици, а беше изграденo од палестинското Министерство за образование, со поддршка на европските земји.
Во еден извештај објавен на 4 февруари од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA) беше наведено дека 45 училишта во зоната „Ц“ во Источен Ерусалим (Кудс) и Западен Брег се во опасност од срушување.
Во рамки на Вториот договор во Осло потпишан во 1995 година меѓу Палестина и админстрацијата на Израел, Западниот Брег беше поделен во три зони, А, Б и Ц.
Според тоа, Палестина управува со зоната А (18 отсто од Западниот Брег) од административен и безбедносен аспект, исто така, управува со зоната Б (21 отсто од Западниот Брег) само од административен аспект, додека Израел управува со безбедноста. Израел ја има целата управа во зоната Ц (61 отсто од Западниот Брег), како од административен, така и од безбедносен аспект.