свет

Израел: Сопругата на Нетанјаху обвинета за измама

Сара Нетанјаху призна дека плаќала сметки во луксузни ресторани, и покрај постојаното присуство на готвач во резиденцијата на премиерот

Mahmoud Barakat  | 16.06.2019 - Обновена : 17.06.2019
Израел: Сопругата на Нетанјаху обвинета за измама

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот суд денеска ја прогласи за виновна сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Сара, дека преку измама користела јавни пари за да плати сметки во скапи ресторани, пренесува Anadolu Agency (AA).

Судот ѝ наложил на Сара Нетанјаху да плати 55.000 шекели (15.277 долари), објави израелскиот весник „Једиот Ахронот“.

Пресудата дојде како резултат на договорот меѓу израелскиот јавен обвинител и адвокатот на Сара Нетанјаху, според кој таа се изјаснила за виновна за обвиненијата во замена за исплаќање на наведената сума.

Нетанјаху денеска пристигна во судот во Ерусалим и призна дека плаќала сметки во луксузни ресторани, и покрај постојаното присуство на готвач во резиденцијата на премиерот.

Сара Нетанјаху ќе плати парична казна од 10.000 шекели (околу 2.777 долари), и надомест од 45.000 шекели (околу 12.500 американски долари) во државната каса, во замена за помала казна за, како што се вели, „намерно искористување на грешката на другите“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın