Şenhan Bolelli
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
РИМ (АА) - Италијанските власти одбиваат да примат десетици мигранти кои пред четири дена во Средоземното Море ги спаси бродот на германската невладина организација „Sea Watch“, јавува Anadolu Agency (AA).
Додека мигрантите веќе петти ден чекаат на бродот закотвен кај островот Лампедуза, италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, изјави дека Италија ќе прими десетина мигранти, односно жените, децата и болните луѓе, а дека нема да дозволи влез на преостанатите мигранти.
Савини ја обвини невладината организација „Sea Watch“ дека е пиратска организација која работи под плаштот за помош на мигрантите во Средоземното Море.
Меѓу мигрантите на кои Италија не им дозволува да стапнат на нејзино тло се и четворица малолетници без придружба на старател.
Портпаролката на организацијата „Sea Watch“, Џорџија Линарди, рече дека мигрантите не сакаат да се вратат во Либија, бидејќи таму нема безбедни пристаништа.