Enes Canlı
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израел се загрижи хемиското оружје што го користи режимот на Башар ал Асад во Сирија да не дојде во израелската земја, и доколку дојде до тоа ќе одговори на сирискиот режим на „најжесток начин“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештаите на израелските медиуми, израелското Министерство за надворешни работи ги информираше 15-те амбасади во различни земји дека е загрижено за употребата на хемиско оружје во близината на израелската граница и за ефектите од ова оружје врз израелската земја.
Во пораката што беше испратена до амбасадорите е побарано да му се упати порака на највисокиот одлучувач за земјата, дека ако хемискиот напад стигне во Израел, Израел ќе одговори на најжесток начин.
Израелското Министерство за надворешни работи ги повикува амбасадорите да ги потсетат земјите кои од нив бараа „Иран да ја прекине поддршката за терористичката организација Хезболах", и, исто така, ги повика амбасадите да пренесат дека „желбата на Израел да се преземат дејства против проширувањето на Иран во Сирија не се сфаќа сериозно“.
Израелската армија пред некое време изјави дека било соборено иранско беспилотно летало кое полетало од Сирија и имало намера да влезе во израелскиот воздушен простор.
Како одговор на тоа, израелските воени авиони нападнаа неколку ирански цели во Сирија. Израелските вооружени сили потврдија дека авион од типот „Ф-16“ е срушен.