Mehmet Nuri Uçar
10 Ноември 2025•Ажурирај: 11 Ноември 2025
ГАЗА (АА) - Израелската Армија продолжува со разни напади и уривање на домовите во Појасот Газа и покрај прекинот на огнот, известува Анадолу.
Според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските окупациски сили користеле експлозиви за уривање на домовите во населбата Зејтун, која се наоѓа во јужниот дел на градот Газа, сместен во северниот дел на Појасот Газа.
Израелската Армија која континуирано го надгледува регионот со беспилотни летала, изврши истовремени, интензивни напади врз северните и источните области на Хан Јунис.
Израелската Армија, продолжувајќи да го крши прекинот на огнот, отворила интензивен оган врз источните подрачја на Хан Јунис.
Во израелските напади врз Појасот Газа по договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел на 10 октомври убиени се 242 Палестинци, а 614 се повредени. Во дадениот период пронајдени се телата на 522 Палестинци убиени во израелските напади.
Според најновото соопштение од Министерството за здравство на Газа, 69.179 Палестинци се убиени, а 170.690 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 8 октомври 2023 година.