Zehra Nur Düz
31 Јули 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
ТЕЛ АВИВ (АА) - Израелските воздухопловни сили синоќа најавија привремено повлекување од употреба на новите борбени авиони Ф-35, ден по извештајот за загриженоста на САД во врска со дефектите во системот за катапултирање на пилотите, известува Агенција Анадолија (АА).
Овој потег на израелската Војска следуваше откако генерал-мајорот Томер Бар, началник на израелското воено воздухопловство, одржа состанок за проценката на ситуацијата по добиените информации од АСД во врска со инспекцискиот дефект во механизмот за исфрлање на пилотското седиште.
„Авионите Ф-35 ќе минат дополнителна инспекција што ќе трае неколку дена, а сите оперативни задачи ќе бидат извршени по одобрувањето од страна на началникот на израелските воздухопловни сили“, објави израелското воено воздухопловство на социјалната мрежа Твитер.
Војската додаде дека инспекцијата ќе ја спроведат технички екипи, а процесот се очекува да заврши во наредните денови.