Esat Fırat
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Палестинскиот премиер, Мухамед Иштије, изјави дека Израел од 1967 година откорнал два и пол милиони дрвја на окупираните палестински територии, пренесува Anadolu Agency (АА).
Палестинскиот премиер Иштије на неделната седница на Кабинетот изјави дека од окупацијата во 1967 година, Израел откорнал или исекол 2,5 милиони дрвја, од кои 800.000 биле маслинови.
Наведувајќи дека неговата Влада заедно со Конференцијата за трговија и развој на Обединетите нации (УНКТАД) подготвила извештај за штетата предизвикана од страна на Израел во окупираните палестински територии, Иштије нагласи: „Овој извештај ќе ја открие разликата меѓу економијата на окупирана Палестина и економијата на Палестина која не е под окупација“.
Тој, исто така, нагласи дека извештајот ќе биде доставен и до Генералното собрание на Обединетите нации.
Иштије, повторувајќи дека окупаторската држава откорнала два и пол милиони дрвја од палестинските територии, истакна дека Израел треба да одговара пред меѓународната заедница.