свет

Невремето во Грција одзеде 6 животи

Бурата која го зафати северниот дел на земјата, особено на Халкидики, одзеде животи и предизвика материјална штета

Furkan Naci Top  | 11.07.2019 - Обновена : 12.07.2019
Невремето во Грција одзеде 6 животи

АТИНА (АА) - Шест туристи го загубија својот живот во поројните дождови, градот и бурата во Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според информациите што ги пренесе грчката државна телевизија ЕРТ (ERT), бурата која го зафати северниот дел на земјата, особено на Халкидики, одзеде животи и предизвика материјална штета.

Се соопштива дека во невремето близу Солун загинале шест лица, од кои две деца. Се истакнува дека жртвите биле туристи со потекло од Чешка, Романија и Русија.

Од друга страна, во невремето повредени биле 108 лица, од кои четири лица се наоѓаат во тешка состојба.

Во овој регион е прогласена вонредна состојба, каде што активни се голем број противпожарни тимови и екипи на Цивилната одбрана.

Новиот министер за јавна безбедност на Грција, Михалис Хрисохоидис, упати сочувство за загинатите во невремето.

„Во подрачјето немаше поплави, туку силни ветрови и бура кои срушија дрвја, а кои беа причина и за смртта на овие луѓе“, рече Хрисохоидис.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın