свет

Израел од „безбедносни“ причини го затвори на 6 месеци здравствениот центар што им служи на Палестинците во Рамала

- Израел изврши рација во седиштето на Комитетот за здравствени работи, организација што им пружа здравствени услуги на Палестинците во окупираниот град Рамала на Западниот Брег и од „безбедносни“ причини ја затвори оваа институција на 6 месеци

Qais Omar Darwesh Omar, Zeynep Tüfekçi Gülay  | 09.06.2021 - Обновена : 11.06.2021
Израел од „безбедносни“ причини го затвори на 6 месеци здравствениот центар што им служи на Палестинците во Рамала

РАМАЛА 

Израел изврши рација во седиштето на Комитетот за здравствени работи, една од невладините организации што им пружаат здравствени услуги на Палестинците, во окупираниот град Рамала на Западниот Брег, и ја затвори институцијата на 6 месеци од „безбедносни“ причини, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата дадена од Комитетот за здравствени работи се наведува дека силите поврзани со израелската Армија извршиле рација во седиштето во регионот Сатх Мерхаба во Рамала.

Исто така, се нагласува дека израелските сили, покрај тоа што ги демонтирале вратите во седиштето, уништиле дел од опремата во седиштето и ги конфискувале компјутерите.

Меѓу другото, се додава дека израелските војници ја запечатиле надворешната врата на двете канцеларии на Комитетот за здравствени работи и донеле одлука за забрана за работа од 6 месеци, а исто така на вработените им забраниле да влегуваат во канцелариите.

Во изјавата се посочува дека палестинските здравствени институции што обезбедуваат здравствени услуги на Палестинците се на „нишан“ на израелските власти и дека го осудуваат тоа.

Комитетот за здравствени работи е една од водечките невладини организации што обезбедуваат здравствени услуги на Палестинците, а има филијали на многу локации во Газа и на Западниот Брег.

Израел изврши рација во споменатата институција и во октомври 2019 година и го приведе службеникот одговорен за финансии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.