свет

Израел обвинет за напад на погребната поворка на Аклех, новинарката на Ал Џезира

- Француската болница во окупираниот Источен Ерусалим денес ја обвини израелската полиција за напад на погребната поворка на Ширин Абу Аклех, новинарката на Ал Џезира

Ekip  | 16.05.2022 - Обновена : 17.05.2022
Израел обвинет за напад на погребната поворка на Аклех, новинарката на Ал Џезира Фото: Архива / АА

ЕРУСАЛИМ (АА) - Француската болница во окупираниот Источен Ерусалим денес ја обвини израелската полиција за напад на погребната поворка на Ширин Абу Аклех, новинарката на Ал Џезира, јавува Агенција Анадолија (АА).

Израелската полиција во петокот ги опколи присутните на погребот и употреби шок-бомби и палки за да ги нападне оние кои го носеа ковчегот на Абу Аклех од болницата во населбата Шеик Џарах во источен Ерусалим.

„Она што го зголемува ужасот на сцената е тоа што сѐ се случи во болничкиот кампус без никаков обзир за светоста на местото или приликата“, на прес-конференција изјави директорот на болницата Џамил Коуса.

Тој рече дека израелската полиција извршила напад иако болницата е спонзорирана од Ватикан и француската држава.

„Тие упаднаа во болницата, го нападнаа ковчегот и оние кои го носеа, пукаа со гумени куршуми и ги исплашија пациентите и посетителите“, се жалеше Коуса.

По меѓународните осуди за израелскиот напад на погребот, израелската полиција соопшти дека отворила истрага за инцидентот. Полицијата соопшти дека резултатите од истрагата ќе им бидат претставени на официјалните лица во наредните денови.

„Абу Аклех (51) почина откако беше застрелана додека известуваше за рацијата на израелските сили во градот Џенин. Уште еден новинар, Али ал Самуди, беше застрелан во грб“, соопшти вчера палестинското Министерство за здравство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.