Mustafa Deveci
08 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
КУДС (ЕРУСАЛИМ) - На 13 јуни ќе се одржи гласањето за доверба на коалициската влада што ја формираа опозициските партии во Израел кои сакаат да го симнат премиерот Бенјамин Нетанјаху од власта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Доколку коалицијата Лапид - Бенет на гласањето ја добие довербата на 61 пратеник во Домот од 120 места, тогаш Нетанјаху, кој е предводник на Владата на Израел од 2009 година, ќе биде принуден да ја напушти премиерската позиција.
Партиите кои се согласија да учествуваат во споменатата коалиција имаат 62 пратеници во израелскиот Парламент.
Новата влада ќе даде заклетва истиот ден доколку ја добие довербата на пратениците.
По изборите во Израел одржани на 23 март, тогашниот претседател Реувен Ривлин го назначи премиерот Нетанјаху да формира коалициска влада.
Нетанјаху му го врати мандатот на Ривлин на 4 мај, бидејќи не успеа да ја добие потребната поддршка за формирање коалициска влада.
Потоа, Ривлин на 5 мај му го предаде мандатот за формирање коалициска влада на ривалот на Нетанјаху, Јаир Лапид, лидерот на партијата Има иднина (Јеш атид).
Лапид се согласи да формира коалициска влада со 7 опозициски партии на 2 јуни.