Gülşen Topçu
11 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Властите на Израел почнаа да градат нова населба на Западниот Брег, за еврејските доселеници кои неодамна се преселени од населбата Амона, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот министер за внатрешни работи, Арие Махлуф Дери, за телевизијата „Канал 7“ изјави дека правната и проектната процедура се завршени и оти започнала изградбата на новата населба.
Врховниот суд на Израел кон крајот на 2014 година ја прогласи за илегална еврејската населба Амона, бидејќи е изградена на приватна земја земена од Палестинците, а Канцеларијата за цивилни работи на Израел предложи за граѓаните на таа населба да се изгради нова населба Амичаи, во јужниот дел на Наблус.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во таа пригода вети дека ќе изгради нова населба за 50 еврејски семејства од Амона.
Практика на Израел во изминатите две децении беше во постоечките еврејски населби на Западниот Брег да подига илјадници нови станбени единици, а денес започна изградбата на потполно нова населба.