Turgut Alp Boyraz
11 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската министерка за правда, Аелет Шакед, изјави дека за сирискиот претседател Башар ал Асад би било корисно да се дистанцира од Иран доколку сака неговиот режим да остане на власт во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Доколку сака да остане на власт, за Асад би било корисно да го спречи иранското присуство во Сирија“, изјави Шакед на Меѓународната конференција за антитероризам, која денес беше одржана во израелскиот град Херцлија.
Весникот „Jerusalem Post“ (Ерусалим пост) јавува дека Шакед притоа истакнала и дека Израел треба да го интензивира притисокот врз меѓународната заедница за да го спречи јакнењето на иранското присуство во Сирија.
„Во случај меѓународната заедница да не го исполни тоа барање, Израел треба да го стори она што мора“, порача Шакед.