свет

Изминатиот месец 125 цивили беа жртви на граѓанската војна во Сирија

- Во нападите спроведени во мај во Сирија животот го загубија 125 лица, се наведува во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR)

Adham Kako, Eşref Musa  | 01.06.2020 - Обновена : 02.06.2020
Изминатиот месец 125 цивили беа жртви на граѓанската војна во Сирија

ИДЛИБ / АНКАРА

Во нападите спроведени во мај во Сирија животот го загубија 125 лица, се наведува во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR), јавува Агенција Анадолија (АА).

Меѓу смртно настраданите цивили во нападите, од поголемиот дел се последици од експлозии, загинаа 26 малолетници и 6 жени.

Додека силите на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад убија 10 цивили, од кои 2 бееа жени, руските сили кои му даваат поддршка на сирискиот режим, одговорни се за смртта на еден цивил во изминатиот месец.


Во нападите што ги изведе терористичката организација ЈПГ/ПКК убиени се 7 цивили, од кои 2 деца.


Вооружените групи кои се против режимот биле причина за смртта на 3, а вооружените опозициски групи за смртта на 7 цивили.

Во делот од извештајот кој се однесува на цивилите убиени со мачење, се вели дека убиени се 8 цивили, 7 од страна на режимот на Асад и едно лице од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.


Од вкупниот број на загинати, 97 цивили починале од експлозии кои ги извршиле неидентификувани страни, меѓу кои 22 биле деца и 3 жени


Оваа година, вкулучувајќи ги и жртвите во мај, како последица на малења, напади, експлозии и судири починале 910 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.