Muhammed Emin Canik
13 Март 2021•Ажурирај: 14 Март 2021
БУЕНОС АИРЕС
Издаден е налог за апсење на поранешната претседателка на Боливија, Жанин Ањес, која претседателската функција ја вршеше привремено во рок од една година по процесот на оставката на поранешниот претседател Ево Моралес во ноември во 2019 година, кој овој случај го опиша како пуч, и за фаќање на 5 поранешни министри, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на официјалната новинска агенција на Боливија (АБИ), во рамки на судскиот случај познат како „случај на пучот“, издаден е налог за фаќање на Ањес и на 5 поранешни министри кои министерската функција ја вршеле во периодот на претседателствувањето на Ањес.
Тоа се министрите: поранешниот владин министер Артуро Муриљо, поранешниот министер на Претседателството, Јерко Нуњес, поранешниот министер за правда Алваро Коимбра, поранешниот министер за одбрана Луис Фернандо Лопес и поранешниот министер за енергетика Родриго Гусман.
Овие поранешни функционери се обвинети за кривичните дела „тероризам, бунт и правење завера“, а налогот за апсење е издаден поради можноста за бегство од земјата и спречување на процесот на истрагата.
Во рамки на истрагата, Коимбра и Гусман се приведени во областа Бени во земјата и ќе бидат пренесени во боливискиот главен град Ла Пас.