Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
19 Август 2022•Ажурирај: 20 Август 2022
АЛ БАБ
Смртната стапка од ракетниот напад во северозападниот град на Сирија, Ал Баб, се искачи на 14, според извештаите од терен.
Помеѓу починатите во нападот со кој цел беше дел од градот со силно присуство на цивили, се и деца.
Уште најмалку 37 лица се повредени.
Досега никој не презел одговорност.
Ал Баб беше помеѓу неколкуте градови во северна Сирија исчистен од терористи од страна на турските сили во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, која имаше за цел да ја ослободи областа од терористите и да овозможи безбедно доброволно враќање на раселените Сиријци.
Од август 2016 година, повеќе од 2.600 терористи на ДЕАШ беа убиени и уште 413 терористи беа неутрализирани до крајот на операцијата во март 2017 година.