Adam Abu-bashal
19 Август 2022•Ажурирај: 25 Август 2022
АБУЏА (АА) - Десет лица загинаа, а 15 се повредени во верижна сообраќајна несреќа во која учествуваа камион и шест возила во нигериската држава Плато, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алфонсус Годвин, државниот координатор за Национална безбедност на патиштата на државата Плато, во изјава за медиумите соопшти дека камион се судрил со шест возила кои доаѓале од спротивната насока на Автопатот Плато - Баучи.
Годвин информира дека во несреќата загинале 10 лица, а 15 се повредени.
Соопштувајќи дека некои од повредените на кои им била укажана лекарска помош се во сериозна здравствена состојба, Годвин изрази загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.