Hasan Ay
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ЕДИНБУРГ (АА) - ХАСАН АЈ -
Повеќе од 100 пингвини од три различни вида живеат во Зоолошката градина во Единбург, Шкотска, каде што е изграден најголемиот отворен базен со пингвини во Европа, пишува Агенција Анадолија (АА).
Зоолошката градина во Единбург е едно од најпосетуваните места во Единбург, главниот град на Шкотска. Градината е домаќин на пингвини од 1913 година. Тука живеат повеќе од 100 пингвини од три различни вида.

Пингвините деновите ги поминуваат во најголемиот отворен базен во Европа. Базенот е долг 65 метри, длабок 3,5 метри, со капацитет на вода од 1,2 милиони литри. Посетителите на Зоолошката градина имаат можност да ги гледаат пингвините од мостот изграден над базенот.
- Пингвинот по име Нилс Олав ја носи титулата витез -
Во Зоолошката градина секој пингвин има лента на својата перка која овозможува да биде препознаен.
Нилс Олав, царскиот пингвин со виолетова лента на перката, е маскота на Кралската армија на Норвешка.

Пингвинот, симболичното име и чинот ги добива од војник на Норвешката кралска гарда кој пристигнал во Единбург на вежба во 1972 година.
Царскиот пингвин по име Нилс Олав е прогласен за витез од норвешкиот крал Харалд V во 2008 година.
Царскиот пингвин од третата генерација, кој го носи името Нилс Олав во Зоолошката градина е од 1972 година. Унапреден во бригаден генерал во 2016 година.
Зоолошката градина во Единбург ја посетуваат приближно 800.000 луѓе годишно. Своите посетители ги пречекува секој ден во годината, освен за време на Божиќ.