Adam Abu-bashal
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
АБУЏА
Најмалку 11 лица се убиени и 13 повредени во оружен напад во северозападна Нигерија, соопшти полицијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гамбо Иса, шефот на полицијата во сојузната држава Катсина, за новинарите изјави дека напаѓачите отвориле оган врз луѓето во Батсари.
Според неговите зборови, неколку куќи се уништени во нападот.
Повредените се однесени во болница, додека полициските екипи се упатени на терен.
Во регионот претходно доаѓаше до судири меѓу народот на племето Фулани, една од најголемите етнички групи кои ги населуваат подрачјата низ Западна Африка, а се занимаваат со одгледување на животни и другите племиња кои се занимаваа со земјоделство.
Припадниците на племето Фулани, кои мигрираа кон југот, за да пронајдат доволно количество храна за стоката, тврдат дека земјоделците ги крадат нивните животни и ги напаѓаат нивните луѓе.
Вооружените групи понекогаш ги искористуваат конфликтите и организираат напади.