свет

Нигерија: Во судир на два патнички автобуси загинаа 20 лица

- Постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите

Adam Abu-bashal  | 30.11.2021 - Обновена : 01.12.2021
Нигерија: Во судир на два патнички автобуси загинаа 20 лица Фото: Илустрација / АА

АБУЏА 

Во Нигерија 20 лица загинаа како резултат на пожарот кој избувна по судирот на два патнички автобуси, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во националните медиуми, полицискиот портпарол во нигериската сојузна држава Џигава, Лаван Шису Адам, изјавил дека два автобуси се судриле на автопатот Ачилафија-Каркарна, по што избувнал пожар.

Портпаролот Адам нагласи дека во несреќата животот го загубиле 20 лица, додека голем број лица се повредени.

Информирајќи дека повредените се пренесени во Болница, Адам изрази загриженост од зголемување на бројката на загинати во сообраќајката.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.