Hamdi Yıldız
11 Ноември 2021•Ажурирај: 11 Ноември 2021
РАБАТ
Мароканските власти соопштија дека 117 нерегуларни мигранти биле спасени на отворено море во Медитеранот и во Атлантскиот Океан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на официјалната новинска агенција на Мароко врз основа на изјава на воено лице, крајбрежните единици при Кралските поморски сили спасиле 117 нерегуларни мигранти на отворено море во Медитеранот и во Атлантскиот Океан и им ја пружиле потребната помош.
Се истакнува дека меѓу нерегуларните мигранти имало деца и жени, воглавно од африканско потекло.
Според соопштеното, мигрантите се наоѓале во исклучително тешка состојба на кануа и традиционални чамци.
Мигрантите биле предадени на надлежни единици на Кралската жандармерија.
Мароканските власти минатата недела соопштија дека од почетокот на 2021 година досега биле спречени над 42.000 нерегуларни миграции.