Ekip
11 Ноември 2021•Ажурирај: 11 Ноември 2021
МОГАДИШУ
Мало и лесно оружје кое Иран им го доставува на бунтовниците Хуси за употреба во граѓанската војна во Јемен, се шверцува во Сомалија преку влезната точка Пунтланд, се вели во студијата објавена во средата на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.
„Во текот на осум месеци, истражувањето на @GI_TOC документира над 400 недозволени оружја во 13 локации низ Сомалија“, се додава во извештајот.
GI-TOC објави дека за првпат е утврдено дека оружјето со потекло од иранско-јеменската трговија со оружје се продава во Сомалија.
„Повеќето пушки од типот 56-1 документирани во оваа студија се пронајдени во Пунтланд, полуавтономен регион во северна Сомалија, кој историски функционирала како порта за влез на недозволено оружје во земјата“, се вели во студијата.
Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал соопшти дека пушките од типот 56-1 биле пронајдени јужно од Долоу во Сомалија, град кој граничи со Етиопија.