AP
19 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
ПЈОНГЈАНГ (АА) - Шимпанзото Алазеа е најголемата атракција на новоотворената зоолошка градина во Пјонгјанг поради своите „лоши навики”, односно пушењето цигари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Чуварите на зоолошкиот центар тврдат дека 19-годишното шимпанзо пуши по една кутија цигари дневно.
Азелеа знае да користи и запалки кои ги добива од чуварите на зоолошката градина. Тие тврдат дека шимпанзата не го вовлекува никотинот во потполност во белите дробови.
Додека таквата глетка некои ја критикуваат, стотици посетители на зоолошката градина уживаат фотографирајќи се пред кафезот на шимпанзото.
Новата зоолошка градина во Пјонгјанг,е дом на многу животински видови како слонови, жирафи и пингвини, а поседува и целосен спектар на видео-проекции кои го прикажуваат потеклото на Сончевиот систем и еволуцијата на животот на Земјата.
Реновирањето на зоолошката градина започна во 2014 година во рамките на напорите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да изгради низа модерни и импресивни градежни објекти во главниот град на земјата.
Објектот во кој е сместена зоолошката градина всушност датира од 1959 година, а изградбата ја дозволи Ким Il Сунг, првиот водач на севернокорејската нација и дедо на Ким Џонг Ун.