Zehra Nur Düz
09 Ноември 2022•Ажурирај: 10 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Италија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, недалеку од брегот на Сенигалија во провинцијата Анкона.
Земјотресот е почувствуван и во Хрватска, останатите делови на Италија, Сан Марино и Ватикан.