Mustafa Melih Ahıshalı
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Во иранската покраина Ијлам, сместена во западниот дел на земјата, се случи земјотрес со интензитет од 5 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за сеизмологија при Универзитетот „Техеран“ соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа во подрачјето на градот Салих Абад, на длабочина од 11 километри.
Засега не е дадено известување за евентуални човечки жртви или причинетата материјална штета од земјотресот.