Ahmet Furkan Mercan
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
ТОКИО (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ја потресе префектурата Фукушима, сместена во североисточниот дел на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги сподели Метеоролошка агенција на Јапонија, земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтер се почувствувал во префектурата Фукушима во 08:16 часот по локално време.
Метеоролошка агенција на Јапонија соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од 93 километри, а по земјотресот не е дадено предупредување од можно цунами.
Железничката компанија „Источен Јапан“ информираше дека брзите возови со кои управуваат кус период биле запрени поради земјотресот.
Во исто време се соопштува дека на подрачјата на кои е почувствуван земјотресот, нема аномалии во работата на нуклеарните централи Фукушима Даи-ичи, Даи-ни и во Токаи 2 сместена во префектурата Ибараки.