свет

Земјотрес од 6 степени ја потресе јапонската префектура Фукушима

Агенцијата за метеорологија на Јапонија објави дека на отворено море во подрачјето на Фукушима е почувствуван земјотрес во 8:58 часот по локално време, на длабочина од 40 километри.

Ahmet Furkan Mercan  | 14.05.2021 - Обновена : 16.05.2021
Земјотрес од 6 степени ја потресе јапонската префектура Фукушима

ТОКИО

Земјотрес со интензитет од 6 степени ја потресе јапонската префектура Фукушима, сместена во североисточниот дел на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за метеорологија на Јапонија објави дека на отворено море во подрачјето на Фукушима е почувствуван земјотрес во 8:58 часот по локално време, на длабочина од 40 километри.

Како што информира оваа агенција, земјотресот со интензитет од 6 степени се почувствувал и во околните префектури, вклучувајќи го и главниот град Токио. По земјотресот не е дадено предупредување за можно цунами.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın