Ahmet Sait Akçay
01 Август 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
ТЕХEРАН (АА) – Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денес го потресе северозападен Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Од одделот за сеизмологија на Институтот за геофизика на Универзитетот во Техеран јавија дека земјотресот е забележан во 09:16 часот по локално време, во Парсабад, во северозападната покраина Ардабил.
Според иранската новинска агенција Тасним, едно лице загина, а други две се повредени.