Fuat Kabakçı
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во земјотресот со јачина од седум степени, кој ја погоди покраината Сичуан во југозападниот дел на Кина, животот го загубија најмалку 19 лица, од кои петмина туристи, а повредени се 247 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција „Xinhua“ (Синхуа) јавува дека земјотресот е почувствуван во 21.19 часот по локално време, со хипоцентар на 20 километри длабочина, а потресот траел една минута.
Од вчера, досега, во Сичуан се почувствувани 17 последователни потреси со јачина меѓу три и пет степени според Рихтер.
Земјотресот е почувствуван и во главниот град на кинеската покраина Сечуан, Чингду, кој се наоѓа на 300 километри од епицентарот, каде што животот го загубија 19 лица, од кои пет туристи, додека 247 се ранети.
Исто така, над 100 туристи се заглавени во туристичките области.
Според соопштеното, срушени или уништени се голем број згради во регионот, каде што сѐ уште продолжуваат спасувачките операции.
Националниот парк Цјучајгу, познат по големите водопади, е една од најзначајните туристички дестинации во земјата.
- Земјотрес со јачина од 6,6 степени во автономниот ујгурски регион Синкјанг -
Од друга страна, во утринските часови и во автономниот ујгурски регион Синкјанг беше почувствуван земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер, со хипоцентар на оддалеченост од 11 километри, а епицентарот на земјотресот е во покраината Џингкси.
Според соопштеното, во земјотресот нема жртви. Покраината Џунгкси со околу 140.000 жители, се наоѓа на 100 километри од границата на Кина со Казахстан.
Во земјотресот со јачина од седум степени според Рихтер, кој во 2013 година ја погоди областа Сичуан, смртно настрадаа речиси 200, а повеќе од 11.000 лица беа повредени.