Furkan Naci Top
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
АТИНА (АА) - Грчкиот министер за миграции денес изјави дека Атина ќе прими одреден број бегалци вратени назад од Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Бројот ќе биде мал. Ќе прифатиме неколку стотици лица во идните месеци“, изјави Јоанис Музалас на приватен грчки телевизиски канал.
Германија одлучи да го запре ваквото враќање на мигрантите во Грција во 2011 година, во светлината на преоптоварениот систем за азил во земјата.
Според Даблинската конвенција од 1990 година, бегалците треба да аплицираат за азил во првата земја од ЕУ во којашто пристигнуваат.
Музалас рече дека ова ќе биде симболичен потег, гест на добра волја за земјите што прифатија десетици илјади бегалци од Грција и тврдеа дека тоа не е повторна примена на Даблинската конвенција.
Исто така, министерот рече дека имале тешка задача да интегрираат приближно 50.000 бегалци кои бараат азил во Грција.
Десетици илјади бегалци остануваат заглавени во Грција, откако минатиот февруари балканските земји ги затворија границите за преминување на бегалците.