свет

Земјите на ЕУ одобрија формирање на фонд за зелена трансформација

Европскиот совет објави дека аранжманот „Фонд за фер трансформација“, што ќе се користи ЕУ да стане еколошки и зелен континент до 2050 година, е прифатен од земјите членки

Ata Ufuk Şeker  | 07.06.2021 - Обновена : 08.06.2021
Земјите на ЕУ одобрија формирање на фонд за зелена трансформација

БРИСЕЛ (АА) - Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) одобрија формирање фонд од 17,5 милијарди евра за поддршка на секторите и групите што ќе бидат најпогодени од еколошката трансформација, јавува Агенција Анадолија (АА).

Европскиот совет објави дека аранжманот „Фонд за фер трансформација“, што ќе се користи ЕУ да стане еколошки и зелен континент до 2050 година, е прифатен од земјите членки.

Соодветно на тоа, фондовите со вкупна вредност од 17,5 милијарди евра, ќе ги поддржат проектите што ќе овозможат намалување на употребата на фосилни горива и ќе ја поддржат трансформацијата на индустриските сектори со интензивни стакленички гасови во земјите на ЕУ.

Фондот ќе придонесе со различни чисти инвестиции за заживување на локалната економија на областите во кои се наоѓаат јаглен, лигнит, нафта од шкрилци и индустриски капацитети што предизвикуваат интензивно загадување.

Исто така, ќе се поддржи пренасочувањето на луѓето што ќе бидат невработени по затворањето на наведените објекти.

Од фондот се очекува голема корист да имаат земји како што се Полска и Германија, кои планираат да ги затворат рудниците за јаглен.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın