Aida Cako
27 Март 2025•Ажурирај: 30 Март 2025
СКОПЈЕ (АА) - Првите цветови на сакура (цветот на црешата) го означија почетокот на пролетта во Токио, привлекувајќи голем број посетители на традиционалните локации за набљудување на овие цвеќиња, јавува Анадолу.
Сакурите, омилен цвет на Јапонија, обично го достигнуваат својот врв во периодот од крајот на март до почетокот на април, совпаѓајќи се со почетокот на новата училишна и деловна година.
Голем број Јапонци уживаат во прошетки или пикници под дрвјата, следејќи ја вековната традиција на „ханами“ – јапонски традиционален обичај на набљудувања и уживање во убавината на цвеќето.
Цветовите на сакура имаат длабоко влијание врз јапонската култура со векови и често се мотив во поезијата и литературата.
Нивната нежност и краткотрајност се сметаат за симбол на животот, смртта и повторното раѓање.