Alma Çekovic
14 Септември 2016•Ажурирај: 14 Септември 2016
ПАРИЗ (АА) - Повеќе од 120.000 домаќинства утринава останаа без струја во западниот дел на Франција, по силната бура што претходната ноќ го зафати тој регион, пренесува Anadolu Agency (AA).
Француската метеоролошка служба во текот на ноќта забележа 70.000 удари од молња, а нестабилното време преовладува и утринава. Во седум департмани е вклучен портокаловиот метеоаларм.
Поради силните удари од молња, дојде до прекин во снабдувањето на електрична енергија во југозападниот регион Југ-Пиринеи и во северозападниот регион Бретања.
Во департманот Жиронд, повеќе од 23.000 домаќинства останаа без струја, најмногу во околината на градот Бордо.