Ekipa
16 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници во окупираниот Западен Брег приведоа 30 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Израелската војска, во текот на ноќта, на Западниот Брег се извршени операции во кои се приведени 30 Палестинци под изговор дека учествувале во „граѓански активности што влијаат врз безбедноста“.
Во соопштението не се дадени повеќе детали околу приведувањата.
Израелските сили скоро секој ден вршат рации во куќите на Западниот Брег и во Источен Кудс (Ерусалим), и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.
Според официјалните податоци, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци.