Nuri Aydın
13 Мај 2021•Ажурирај: 16 Мај 2021
КАТМАНДУ (АА) – Во Непал, двајца странски планинари кои се обидоа да се искачат на Еверест, „врвот на светот“, ги загубија животите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Компанијата организатор соопшти дека вчера животот го загубиле еден планинар од Соединетите Американски Држави (САД) и еден од Швајцарија кои се обиделе да се искачат на врвот на Монт Еверест.
Чанг Дава, еден од организаторите на планинарската тура, на својот профил на Инстаграм напиша дека швајцарскиот планинар Абдул Вараич (41) успеал да се искачи на врвот, но дека во негова близина го загубил животот поради замор.
Дава додаде дека испратиле резервоари со кислород и прехранбени производи во подрачјето, и дека покрај тоа не биле во можност да го спасат Вараич.
Компанијата исто така наведе дека американскиот планинар Пувеи Лиунин (55) стигнал до познатата карпа Хилари Степ на врвот на Еверест, но дека поради снежно слепило и замор се вратил во „Камп 4“, најблискиот камп до врвот, и таму починал.
Од 1920 година до денес повеќе од 200 луѓе го загубија животот на Монт Еверест, кој е висок 8.849 метри.