Yusuf Hatip
18 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Талибанците ја презедоа одговорноста за бомбашкиот напад што се случи утринава во градо Квета, во југозападен Пакистан, а притоа загинаа седуммина полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални лица на безбедносните сили во Пакистан потврдија дека до експлозија на бомбата монтирана на патот дошло во моментот кога на таа делница поминувал полициски конвој. Притоа се ранети 22 лица.
Портпаролот на талибанците во Пакистан, Мухамед Хорасани, потврди дека ја преземаат одговорноста за овој напад кој беше осуден од страна на министерот за внатрешни работи на Белуџистан, Серфираз Бугти.