Ekipa
18 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
ДЕИР ЕЗ ЗОР (АА) - Илјадници цивили и понатаму го напуштат сирискиот град Деир ез Зор, како резултат нападите врз цивилните во населените места во градот кои се под контрола на терористичката организација ДЕАШ, од страна на силите лојални на режимот на Башар ал Асад и терористичката организација ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Асадовиот режим и терористичката организација ПКК/ПЈД во почетокот на минатиот месец започнаа со операции во градот Деир ез Зор, кој се наоѓа во близина на границата со Ирак, со цел да се стави крај на доминацијата на ДЕАШ над центарот на градот. Интензивните воздушни напади извршени врз цивилните населени места во Деир ез Зор, од страна на режимот, предизвкуваат миграциски бранови.
Режимот ја искористува интензивната воздушна поддршка на Русија, а пак ПКК/ПЈД на САД, па страните се натпреваруваат за задржување на доминацијата над енергетски богатиот град.
Со продолжувањето на нападите, илјадници цивили и понатаму бегаат од регионите кои се под контрола на ДЕАШ. Но со цел да се спасат од воздушните напади, цивилите во градот кој се наоѓа на реката Еуфрат се принудени да преминат на другата страна на реката.
ДЕАШ сака цивилите да ги користи како човечки штитови, па се обидува да ги блокира излезите од градот. Цивилите кои успеваат да излезат од градот, се насочуваат кон Хасеке, во северниот дел на земјата, која е под контрола на ПКК/ПЈД.
ПКК/ПЈД продолжува да ги држи раселените цивили во камповите што се под нејзина контрола. Оваа организација им дозволува на цивилите да излезат од камповите каде што условите за живот се многу лоши, само доколку платат за тоа.
- „Бегавме од нападите на режимот“ -
„Околу 4-5 дена сме на пат. Бегавме од нападите на режимот. ДЕАШ не им дозволува на луѓето да бегаат. На некој начин се обидува да ги задржи внатре. Фала му на Бога, излеговме. Моето семејство е со мене, тука сме“, истакна во изјава за АА Мухамед Али, жител на Деир ез Зор, кој заедно со своето семејство избега од овој град поради нападите на режимот.
Маха Иса, кој успеал да излезе од градот заедно со своето семејство, истакна дека од градот избегале поради нападите. „Бог да не им прости. Ја уништија нашата куќа. Немаме ниту вода, ниту електрична енергија, сѐ ни направија“, вели Иса.
Од друга страна, во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (СНХР) објавен минатата недела, беше наведено дека околу 250.000 цивили го напуштиле Деир ез Зор поради бомбардирањата на местата населени со цивили, извршени од страна на Русија и режимот, операција што започна во август со цел да се заземат регионите кои се под контрола на ДЕАШ.