Hakan Çopur
18 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп во Белата куќа се сретна со премиерот на Грција, Алексис Ципрас. На средбата станало збор за модернизација на воената возухолпловна флота на Грција, членството на Турција во НАТО и поддршка за Турција во нејзиното зачленување во Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп и Ципрас по средбата во Белата куќа одржаа заедничка прес-конференција.
Доналд Трамп изјави дека врските на САД со Грција се многу стари и го истакна придонесот на грчката култура во западната цивилизација, додавајќи дека ќе продолжат блиските врски меѓу двете земји.
- Грција се модермизира со F-16
Американскиот претседател Трамп соопшти дека авионите F-16 кои ги користи Грција ќе бидат модеризирани за сума од 2,4 милијарди долари. Тој истакна дека од овој договор корист ќе имаат и американската економија и ќе се овозможи продлабочување на економиите на двете земји.
Премиерот Ципрас, освен за американско-грчките односи, зборуваше и за односите на Грција со Турција.
- „Ја почитуваме Турција како регионална сила”
Во своето обраќање, Ципрас истакна дека повремено во Егејското Море имаат проблеми со Турција и додаде: „И покрај тоа, го поддржуваме патот на Турција кон Европа. Ја почитуваме Турција како регионална сила. Веруваме дека е потребно Турција да остане поврзана со западот и НАТО за остварување на нејзината европска перспективата”.
Ципрас смета дека Турција треба да остане во рамките на НАТО и верува дека е потребно Турција да ја задржи својата европска линија.
Зборувајќи за проблемот околу Кипар, Ципрас изјави: „Се надеваме дека Советот за безбедност на ОН (СБОН) ќе изнајде фер решение кое ќе може да се спроведе”.
Премиерот на Грција истакнувајќи дека е една од најзначајните туристички дестинации во Медитеранот, информираше и за енергетската соработка на Грчката администрација на Јужен Кипар со Израел и Египет.