Bayram Altuğ,Selen Temizer
04 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Стефан де Мистура, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, вчера изјави дека е завршен 4.круг на преговори за сириската криза во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека во текот на март ќе ги повика сите страни на 5.круг мировни преговори кои ќе бидат одржани повторно во швајцарскиот град.
Тој нагласи дека спротиставените страна постигнале договор на дневниот ред да го сместат и прашањето за среднорочните мерки за изградба на доверба и борба против тероризмот.
Тој додаде исто така дека и за време на наредниот круг на преговори ќе бидат одржани индиректни состаноци.
„Кога ќе дојде вистинското време ќе преминеме на директни преговори”, порача Де мистура, додавајќи дека успеале да ја отстранат барем како тој рече „психолошката бариера” помеѓу страните.
Насир ел-Харири шефот на преговарачкиот тим пред делегацијата на сириската опозиција во Женева, истакна дека овие преговори биле многу повеќе позитивни во однос на претходните кругови на разговори за војната во Сирија.
„Иако овој круг на преговори не го завршуваме со конкретни резултати, овие преговори беа многу повеќе позитивни. Прв пат така длабоко разговаравме за политичката транзиција и иднината на Сирија”, изјави ел-Харири.
Потсетуваме, претставниците на сириската опозиција во четвртокот за време на преговорите во Женева ја повикаа меѓународната заедница, особено САД и Русија, да пружи посилна поддршка за да се убрза процесот на транзиција во Сирија.
Со одвоени состаноци на делегациите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и сириската опозиција со де Мистура во Женева на 23. февруари започна четвртиот круг на преговори со цел решавање на сириската криза.